
Заедно до одржливи решенија за справување со отпадот
РЕГИОН БЕЗ ОТПАД е платформа која што ги обединува сите 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион во нивната посветеност кон одржливо, ефикасно и одговорно управување со отпадот и создавање модерен и ефикасен систем за управување со отпад.
Преку регионална соработка и координиран пристап, општините заеднички се стремат кон подобрување на квалитетот на животната средина и јавните услуги, како и кон промовирање на циркуларната економија за доброто на заедницата и на идните генерации. Овие заложби се вклучени во Оперативната верзија на Регионалниот план за управување со отпад кој ги препознава општините како клучни актери во управувањето и минимизирањето на отпадот во земјата кои имаат одговорност и улога во исполнувањето на целите од Националниот план за управување со отпад.
Платформата претставува централно место за координација и размена на информации и добри практики помеѓу општините од двата региона со што ќе се усогласат пристапот и регионалното планирање и ќе се обезбеди транспарентна комуникација со граѓаните и другите чинители. Тука ќе може да се најдат и сите информации поврзани со работата на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион како и разни податоци за отпадот и услугите што ги нудат комуналните претпријатија. Преку платформата РЕГИОН БЕЗ ОТПАД општините од Регионот покажуваат дека вистинската промена доаѓа со заедничка и посветена работа, со јасна цел и одговорност пред граѓаните.
Платформата е поддржана од проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и спроведуван од САЛАР Интернационал.
ВИЗИЈА
РЕГИОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД КОЈ СО ОДРЖЛИВО, ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ И ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА РЕСУРСИТЕ, ЈА СТИМУЛИРА ЕКОНОМИЈАТА, ОВОЗМОЖУВА БРЗ РАЗВОЈ И КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ЗА СИТЕ
ПРИОРИТЕТИ
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УСЛУГИ (СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТИРАЊЕ НА ОТПАД) НА ШТО ПОГОЛЕМ БРОЈ КОРИСНИЦИ
Подршка за граѓаните да го остварат правото на универзална услуга преку зголемување на покриеноста со услуги за собирање и транспорт на отпад.
ВОВЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД И СОБИРАЊЕ НА ПОСЕБНИ ТЕКОВИ НА ОТПАД
Подршка при исполнување на националните цели за селектиран и рециклиран отпад и приближување на земјата до моделот на циркуларна економија.
НАМАЛУВАЊЕ НА КОЛИЧИНИТЕ ОРГАНСКИ ОТПАД ШТО ЗАВРШУВААТ НА ДЕПОНИЈАТА
Подршка при отстранување на органскиот отпад од депониите, со што се намалуваат емисиите на метан и се користи органскиот отпад како ресурс за земјоделство и градинарство.
ИЗГРАДБА НА ДЕПОНИЈА СОГЛАСНО СТАНДАРДИТЕ НА ЕУ
Изградба на регионална депонија за да се создаде економија на обем во управувањето со отпадот и формирање регионално комунално претпријатие кое ќе ја управува.
ЗАТВОРАЊЕ И САНАЦИЈА НА ЃУБРИШТА
Затворање на ѓубришта и создавање чиста и потхранувачка средина во која луѓето може да уживаат и со која може да се гордеат.
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПРИХОДИ КОИ ЦЕЛОСНО ЌЕ ГИ ПОКРИЈАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД
Создавање одржлив систем за управување со отпад каде што комуналните претпријатија се финансиски независни и може да обезбедат целосна покриеност со услуги за управување со отпад.
Нашите партнери
Проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и спроведуван од САЛАР Интернационал, има за цел да ги подобри планирањето и спроведувањето на плановите за управување со отпад на општините и јавните претпријатија во Пелагонискиот и во Југозападниот регион во планирањето и да им ги зајакне капацитетите за испорака на инклузивни и одржливи услуги. Партнери на проектот се Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерствто за локална самоуправа, Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) како и сите општини од двата региона.






Општина Битола

Општина Прилеп

Општина Кичево

Општина Новаци

Општина Охрид

Општина Пласница

Општина Демир Хисар

Општина Долнени

Општина Вевчани

Општина Дебар

Општина Кривогаштани

Општина Крушево

Општина Дебарца

Општина М. Брод

Општина Ресен

Општина Могила

Општина Струга

Општина Центар Жупа