
Новости
На оваа страница ќе најдете повеќе информации за актуелностите, активностите, настаните и иницијативите поврзани со управувањето со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион за брз и јасен преглед на процесите и унапредувањето на системот за регионално управување со отпад.

Панел дискусија во Ресен: Одржливото управување со отпад побарува системски пристап, координација и соработка
Преспанскиот регион се наоѓа во нова фаза на унапредување на системот за управување со отпад.

Отпадот од пакување е суштински дел од пошироката заложба за одржлив развој, циркуларна економија и усогласување со стандардите на ЕУ

Отворен дијалог со граѓанските организации за регионалниот систем за управување со отпад
Со отворен и динамичен разговор, размена на ставови и јасна порака дека одржливите решенија се возможни единствено преку соработка, вчера (29 јануари 2026г.) во Офицерскиот дом во Битола се одржа информативна и консултативна средба со граѓански организации од Пелагонискиот и Југозападниот регион, посветена на теми врзани со воспоставувањето на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО).

Прва седница на одборот за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион
Денес во Битола се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, со што започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските на регионалниот систем за управување со отпад.

Доделување на опрема за управување со отпад на општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион
Денеска во Битола беше промовирана и доделена дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Формиран Меѓуопштински одбор за управување со отпад за Пелагонискиот регион
Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион денес, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО)..

Пелагонија и Југозапад се посветени на формирање модерен и одржлив систем за управување со отпад
Вечерва, се одржа свечен прием во Скопје, на кој присуствуваа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ и градоначалниците на општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.
„Чисто е убаво - Охрид селектира“ - Голем интерес и одлична посета на pop-up настанот
Градскиот плоштад во Охрид вчера беше исполнет со музика, позитивна енергија и детска смеа, откако стотици граѓани се приклучија на pop-up настанот „Чисто е убаво - Охрид селектира“, организиран од ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид со поддршка од Шведска преку SALAR International.
Охрид селектира: „Чисто е убаво!“ - заедничка акција за почист и поодржлив град
Охрид прави важен чекор кон поодржлива иднина. Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започнуваат новата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и угостителскиот сектор.