
Регионален систем за управување со отпад
Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО) е исклучително важен проект за регионот кој ќе обезбеди подобрена инфраструктура и примена на нови технологии за постапување со отпадот и кој треба целосно да го смени нашиот однос кон отпадот. Крајната цел е секако, конечно преоѓање од краткорочни, ад-хок решенија и фрагментирани општински услуги кон системски пристап и модерен и одржлив систем за управување со отпад.
Преку РСУО, општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион ги здружуваат силите во еден заеднички регион за управување со отпад. На овој начин со отпадот се постапува во рамките на еден единствен, интегриран и ефикасен систем. Наместо секоја oпштина да се справува сама со отпадот, сите општини ќе делат заедничка структура – модерен регионален центар за управување со отпад со санитарна депонија, претоварни станици што ќе ги скратат транспортните растојанија и намалат сообраќајот и општински собирни центри за кабаст и посебни типови отпад.
РСУО воедно значи и затворање на општинските нестандардни депонии, почисти маала и подобар квалитет на воздухот, поефикасно собирање на отпадот и полесно рециклирање. Пожарите на депониите ќе бидат елиминирани и ќе има помалку ѓубришта, побезбедно работење на комуналните претпријатија и појасна комуникација со граѓаните.
Подобро за домаќинствата, побезбедно за заедниците и попаметно за регионот.

Преземете го инфографикот тука.