Конститутивна седница МОУО

SALAR International во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, организира настан посветен на конститутивната седница и официјалното формирање на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) - суштински чекор во воспоставувањето на целосно координиран регионален систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.
Настанот ќе се одржи на 10 декември 2025 (среда), во Хотел Солун, со почеток во 10:00 часот.
Настанот ќе го отворат и ќе се обратат:
- Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање,
- Златко Перински, министер за локална самоуправа,
- Душица Перишиќ, Извршна директорка на ЗЕЛС и
- Лена Фалкон, програмски директор во SALAR International
Веднаш по поздравните обраќања, предвидено е свечено потпишување на договорот за воспоставување на МОУО од страна на присутните градоначалници на Новаци, Битола, Прилеп, Кичево, Охрид, Пласница, Струга, Крушево, Могила, Кривогаштани, Вевчани, Демир Хисар, Македонски брод и Долнени.