Region Without Waste
Нашата приказнаРСУОМОУОНовостиИндикатори за отпадРесурсиНастани
    Region Without Waste
    Нашата приказнаРСУОМОУОИндикатори за отпад
    Партнерски порталКонтактНовостиРесурси
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo

    Salar International не може да ја гарантира точноста на податоците и информациите кои се презентирани на оваа платформа. Комплетноста и точноста на сите податоци и информации зависат од изворите на истите, кои се надвор од контролата на организацијата.

    Почетна/Настани

    Консултативна средба со граѓанските организации од Пелагонискиот и Југозападниот регион

    10 јануари 2026
    Консултативна средба со граѓанските организации од Пелагонискиот и Југозападниот регион
    Битола

    SALAR International, во соработка со општините од двата региона ја организира првата информативна и консултативна средба со граѓанските организации од Пелагонискиот и Југозападниот регион, со цел отворање конструктивен дијалог за процесите за воспоставување модерен и ефикасен систем за управување со отпад кои што се во тек.

    Средбата се организира во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ и има за цел да создаде простор за размена на ставови и идеи меѓу сите активни чинители во процесите, како и да се разгледаат можностите за активно, ефикасно и ефективно вклучување на граѓанскиот сектор во следните чекори од реформските процеси врзани со управувањето со отпадот.

    На оваа средба со граѓанските организации, ќе се разгледаат можностите за вклучување на граѓанскиот сектор во:

    • развојот на Регионалниот план за управување со отпад 2026-2032
    • подготовката и спроведувањето на локалните акциски планови,
    • унапредувањето на комуникацијата со јавноста и
    • градењето меѓусебна доверба помеѓу институциите, граѓанските организации и граѓаните.

    Датум: 29 јануари 2026 година Време: 11:00 часот Локација: Офицерски дом, Битола

    Сподели го овој настан: