Region Without Waste
Нашата приказнаРСУОМОУОНовостиИндикатори за отпадРесурсиНастани
    Region Without Waste
    Нашата приказнаРСУОМОУОИндикатори за отпад
    Партнерски порталКонтактНовостиРесурси
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo

    Salar International не може да ја гарантира точноста на податоците и информациите кои се презентирани на оваа платформа. Комплетноста и точноста на сите податоци и информации зависат од изворите на истите, кои се надвор од контролата на организацијата.

    Почетна/Новости

    Отворен дијалог со граѓанските организации за регионалниот систем за управување со отпад

    Со отворен и динамичен разговор, размена на ставови и јасна порака дека одржливите решенија се возможни единствено преку соработка, вчера (29 јануари 2026г.) во Офицерскиот дом во Битола се одржа информативна и консултативна средба со граѓански организации од Пелагонискиот и Југозападниот регион, посветена на теми врзани со воспоставувањето на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО).

    29 јануари 2026
    Отворен дијалог со граѓанските организации за регионалниот систем за управување со отпад

    Средбата беше организирана во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од Salar International, а во фокус беше токму фазата во која процесот влегува – оперативност и исполнување на обврските на регионалниот систем за управување со отпад - која бара дијалог, доверба и активно вклучување на сите засегнати страни.

    На присутните им беше претставен концептот на РСУО и планираните активности, кои вклучуваат затворање на постојните општински и диви депонии, изградба на претоварни станици и собирни центри но и воведување примарна селекција на отпад со цел значително намалување на количината на отпад што ќе завршува на новата регионална депонија. Беше нагласено дека станува збор за комплексен систем кој може да функционира само доколку постои поддршка и координација меѓу институциите, граѓаните и граѓанскиот сектор.

    Во дискусијата се вклучи и градоначалникот на Општина Новаци и претседавач на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО), Стевче Стевановски, кој истакна дека управувањето со отпад е чувствително прашање и за институциите и за граѓаните, но и дека МОУО претставува важен чекор кон поорганизиран и одговорен пристап. Тој упати отворен повик до граѓанските организации активно да се вклучат и да придонесат во процесот, нагласувајќи дека без дијалог и соработка, успехот не е можен.

    Граѓанските организации покажаа голем интерес и активно учествуваа во разговорот, при што беа отворени прашања и разменети различни гледишта за селекцијата на отпад, инфраструктурните решенија и улогата на локалните заедници. Дел од присутните оценија дека ваквиот пристап овозможува појасна слика за процесот и создава основа за градење доверба и заедничка работа.

    На средбата беше претставен и предлог-планот за вклучување на граѓанските организации во клучните процеси поврзани со РСУО и тоа во изработката на регионалниот и локалните акциски планови за управување со отпад, како и во комуникациските активности поврзани со системот. Посебно внимание беше посветено на општините Битола и Новаци, каде што е препознаена потреба од подлабок и подиректен дијалог со граѓаните.

    Средбата ја потврди заедничката заложба дијалогот со граѓанските организации да продолжи и понатаму, со јасна намера ваквиот отворен пристап да се проширува и зајакнува преку вклучување на поширок круг чинители од граѓанското општество.

    Сподели ја оваа вест: